СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања
Во отсуство на идеи и визија, ЗНАМ и Никола Мемов тргнаа во брутална црна кампања – толку очајна, што дури и чистењето на ѓубрето им пречи. – пишува во соопштението на СДСМ
ЗНАМ и Мемов сега ги напаѓаат акциите за чистење на депониите и уредување на јавниот простор во Центар, нешто што директно ги подобрува условите за живот на сите граѓани.
Најновата лага од нивната кујна е дека чистењето на дивата депонија во Крњево и предвидените проекти таму не можеле да се реализираат. По барање на самите жители општината ја исчисти и таму ќе има игралишта, урбана опрема и зеленило.
Мемов зборува за урбанизам, а не ги разбира основите. Општината реализира проекти според важечките ДУП-ови каде овој проект е предвиден и ќе се реализира. Во обид да се прикаже дека нешто откриле, Мемов и ЗНАМ демонстрираа врвно непознавање на процедурите и законите на локалната самоуправа.
Жално е што наместо да понуди конкретни решенија или проекти, Мемов се фати за прес-конференции полни со обвинувања и празни зборови, додека Центар се расчистува, уредува и се трансформира. Секој ден на терен работат екипи на општината и го чистат сметот кој дури не е надлежност на самата општина. Секој ден се гледаат резултатите и ова го боли ЗНАМ.
Најлесно е да се напаѓа од страна а многу потешко е да се сработи. Герасимовски сработува, она што го ветил, тоа и го реализира.
Граѓаните на Центар не се наивни. Тие гледаат кој стои зад вистинска работа и реални проекти, а кој се обидува да дојде до фотелја со клевети и манипулации. – изјавуваат од опозициската партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето…
Во отсуство на идеи и визија, ЗНАМ…
Кривична пријава за кавадарчанец кој живеел вонбрачно…
Деветнаесетгодишник од Кавадарци доби крвична пријава за…
Утре и задутре посебен режим на сообраќај…
Утре и во среда посебен сообраќаен режим…
Одложено судењето за таткото на Васил Јованов…
Судењето против Зоран Јованов, обвинет за „загрозување…
Злато и бронза за Омер Мемеди и…
Балканското првенство во Клуж-Напока, Романија, официјално заврши,…