Објавено на:

Злато и бронза за Омер Мемеди и Мелани Митевска на Балканското првенство во борење

t

Балканското првенство во Клуж-Напока, Романија, официјално заврши, а надежите на македонското борење се закитија со два нови медали.

Кај младинците (У20), Омер Мемеди во категоријата 92 кг. дојде до највисокото место на пиедесталот, освојувајќи го златниот медал.

Во женска конкуренција, Мелани Митевска во категоријата 65 кг. (младинки), по четири борби успеа да се избори за бронза откако триумфираше во „малото финале“.

Претходно, медали освоија и пионерите Лука Ананиев – сребро (44 кг.), Кристијан Атанасов – бронза (48 кг.), Мираџ Мустафа – бронза (52 кг.), и Дарјан Павлев – бронза (68 кг.), како и кадетите Марио Ананиев – бронза (71 кг.) и Садије Дура – бронза (53 кг.).

Како поддршка на спортистите беше присутен и тренерот Абаз Емини, како и членот на Управниот Одбор Ахмет Адеми. Претседателот на македонската боречка федерација, Дејан Богданов упати честитки до сите наши репрезентативци кои настапија на ова Балканско првенств

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…