СДСМ: Министре Тошковски, време е за лична одговорност, поднесете оставка
Панче Тошковски под притисок на СДСМ денеска ги потврди сите информации кои ги објавивме за пропустите на граничниот премин Блаце. За овие пропусти има тој лично одговорност и би било крајно несериозно таа одговорност да ја префрла на подредените, велат од СДСМ.
„Со неговото признание се потврдува дека е направена тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце, „пропуштени приватни лица и возила без контрола“, со што скандалот со свадбената поворка на претседателот на Собранието, Африм Гаши доби нови поголеми димензии.
Никој нема одговор на прашањето кој се ја поминал границата и што носеле во приватните возила. Овој скандал, не само што потврдува дека безбедноста на границите е нарушена, туку јасно го открива своеволието на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Но, ова е пред се голем срам за државата и граѓаните.
Уште еднаш повторуваме, министре Тошковски имате 24 часа чесно и доблесно до детал да ги објавите сите информации, во спротивно ќе ги објавиме ние. Обидот одговорноста да се лоцира во раководителот на смена од страна на Тошковски е наивна и не поминува. Затоа што на овој начин вистинските виновници власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН сака да ги заштити“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Министре Тошковски, време е за лична…
Панче Тошковски под притисок на СДСМ денеска…
Запалено БМВ во Лојане
„Вчера во 07:34 часот во СВР Куманово…
Маск му одговори на Трамп: Подготвен сум…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му понуди…
Германец прегазил мотоциклист во Чаир
Дваесет и тригодишен скопјанец е тешко повреден…
Ако Трамп победи во администрацијата ќе има…
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави…