Германец прегазил мотоциклист во Чаир
Дваесет и тригодишен скопјанец е тешко повреден откако возејќи мотоцикл бил прегазен од „ауди“ во скопската населба Чаир.
„Вчера во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а 4“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.Х.(47) од Сојузна Република Германија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…
Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…
Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…
Определен притвор за едно лице за претепаниот…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
