СДСМ: Мицкоски да не молчи, да одговори дали патувал со луксузна бизнис класа и карта од 4.000 евра?
Мицкоски молчи и не одговара на прашањата кои се отворени за неговото патување во Вашингтон, со што ги потврдува сомнежите за негово луксузирање на сметка на граѓаните, велат од опозициската СДСМ.
– Наместо да се крие Мицкоски треба да каже дали тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра?
Нека им ја покаже сметката на граѓаните, на оние кои му ја платиле авионската карта.
Во кампањата полна му беше устата за одговорност и транспарентност а сега прави обратно.
Граѓаните гледаат расфрлање со народните пари, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа.
Особено што постојат информации дека и други министри патувале со бизнис класа и скапи карти.
Владата и Мицкоски веднаш да ги објават сметките и трошоците за ова патување затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите. – велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…