СДСМ: Мицкоски од собраниската говорница му додели задачи на новиот државен јавен обвинител

t

СДСМ преку соопштение упати критики до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за директно мешање во работата на правосудните органи и воспоставување целосна контрола врз обвинителството и судството.

Од СДСМ реагираат дека Мицкоски денеска, од собраниската говорница, му делел конкретни задачи на новиот јавен обвинител – кои предмети да ги отвора и кого да гони.

Според партијата, ова е исто како што преку телевизии елиминираше кандидати и сметаат дека претставува погребување на правдата.

„Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво да се уапси себеси. Докази има доволно и за него и за неговата организирана криминална група – ВМРО“, се вели во партиското соопштение.

Опозицијата тврди дека после Дубаи, Харис Џиновиќ, Башановиќ, нападите на СЈО, во периодот што следува ќе се прават политички прогон и лични хајки. Од СДСМ велат дека ќе дојде времето што го најавувале – нова кампања со Боки 13 и Катица Јанева, за која тврдат дека намерно била пуштена од затвор три години порано.

Според СДСМ, крајната цел на ова е укинување на пресудите за Никола Груевски и создавање терен за негово враќање во Македонија.

„Еднаш го излажавте народот. Мицкоски клечеше и молеше за власт лажејќи дека ќе го врати името. Анкетата што вие си ја правевте ви кажа сè, не поминуваат веќе лаги – народот повеќе не може да го излажете“, додаваат од СДСМ во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски од собраниската говорница му додели…

СДСМ преку соопштение упати критики до премиерот…

СДСМ: Општина Аеродром незаконски ги скрати за…

Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на…

СДСМ бара ОЈО да отвори предмет за…

СДСМ бара Основното јавно обвинителство да отвори…

СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи Конгрес…

СДСМ: Дизелот повторно поскапе, мерките на Мицкоски…

Од СДСМ реагираат дека само еден ден…