СДСМ: Дизелот повторно поскапе, мерките на Мицкоски не даваат резултат

t

Од СДСМ реагираат дека само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски повторно е регистрирано зголемување на цената на дизелот, овојпат за 3,5 денари по литар, со што достигнал 95,5 денари.

Од партијата посочуваат дека ова е трето последователно поскапување и дека вкупниот пораст на цената изнесува 24,5 денари по литар.

Според СДСМ, најавените економски мерки не дале резултат, а намалувањето на ДДВ од 18% на 10% не придонело за стабилизација на цените. Тие тврдат дека граѓаните продолжуваат да плаќаат поскапо гориво, што се одразува и врз цените на храната.

Во реакцијата се наведува дека веќе има поскапување на основните прехранбени производи, меѓу кои масло, јајца, месо и зеленчук, што дополнително го оптоварува семејниот буџет.

СДСМ предупредува дека без итни мерки за контрола на цените, економската состојба може да се влоши и да се продлабочи сиромаштијата.

Поради тоа, од партијата повторно ги повикуваат надлежните да ги прифатат нивните предлози, меѓу кои нула ДДВ за храната, намалување на акцизите за 4 денари и намалување на ДДВ за горивата на 5%.

Според нив, ваквите мерки би придонеле за намалување на трошоците и олеснување на животниот стандард на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…