СДСМ: Мицкоски се пофали со резултатите на економските политики на СДСМ во изминатите години

t

„Нема поголема потврда за успешноста на економските политики на СДСМ во тешки услови на глобална економска и енергетска криза од денешната прес конференција на Мицкоски. Денеска Мицкоски се пофали со резултатите на економските политики на СДСМ во изминатите години, за што му благодариме“, реагираат од СДСМ на пресот на Мицкоски.

„Политиките на СДСМ успешно одговорија на глобалните предизвици, ги зачуваа работните места и стандардот на граѓаните, ја намалија растечката инфлација, додека платите и пензиите растеа.

СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со 9 пакети економска помош за граѓаните но и за компаниите во време на тешка криза.

Инфлацијата ја намаливме на ниво пред кризата а платите ги зголемивме на историски највисоко ниво.

Затоа и минатата 2023 година македонскиот БДП имаше реален раст од 2,1% иако економски беше далеку потешка и посложена.

Истото се однесува и во однос на директните странски инвестиции кои оваа година се рекорни поради успешните политики на СДСМ, 99% се започнати во време на СДСМ а сега само се реализираат.

Тоа што сега го зборува Мицкоски е резултат на тие добри економски политики на СДСМ и му благодариме за признанието.

Сепак треба да знае дека неговиот резултат и политиките на оваа Влада на ДПМНЕ ќе се мерат наредната 2025 година, почнувајќи од првиот до последниот квартал. Тогаш јавноста ќе види што испорачал.

Ако во првите 6 месеци гледаме целосно погрешни економски политики, граѓаните осиромашуваат а платите не растат и економските резултати 2025 година ќе бидат полоши“, порачаа од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…