СДСМ: Нема никаква измена во планот – ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект
Нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните, велат од најголемата опозициска партија откако денес беше објавено дека биле прифатени три клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски за железничкото поврзување со Бугарија кое е дел од Коридорот 8.
Од СДСМ потсетуваат дека „пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно“.
-Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се што сакале е само да бидат СДСМ и да може да се пофалат дека нешто важно сработеле за земјата бидејќи засега немаат ниеден свој проекти ниту автентична политика, порачаа од партијата на Венко Филипче.
Министерството за транспорт информира дека на вчерашниот состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија билo прифатено дека мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидирање на самиот проект. Во соопштението се додава дека двете делeгaции се согласиле и да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура.
Од бугарското ресорно министерство прецизирале дека претставниците на двете земји се договориле прекуграничниот тунел „Деве Баир“ да биде поцелисходно да го гради еден изведувач.
Според соопштението, поддршка за одлуката има и од претставници на Европската инвестициска банка, како и на Европската банка за обнова и развој, како и подготвеност за помош во подготовката и спроведувањето на тендерската постапка.
-Која од страните ќе ја спроведе јавната набавка за изведувачот на тунелскиот објект, ќе се одлучи во следните разговори со потенцијалните финансиски институции, информираа бугарските медиуми.
Како „најголем проект во историјата на Македонија“, министерот за транспорт Александар Николоски, пред неколку дена на својот Фејсбук-профил ја дефинираше изградбата на автопатската делница Гостивар-Букојчани, дел од Коридорот 8.
Коридорот 8 е важна железничка врска за целиот регион и ЕУ. Ќе донесе побрзо патување за стоки и патници, зголемување на мобилноста, пристап на пазарот и конкурентност на Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема никаква измена во планот –…
Нема никаква измена во планот за градба…
СДСМ: Каде бил Христовски на денот кога…
МВР и Тошковски и во случајот со…
СДСМ бара комисиска расправа за директорот на…
СДСМ бара отворена седница на собраниската Комисијата…
Апасиев: ДПМНЕ педантно го бришат името Република…
,,ДПМНЕ сега педантно го бришат името Република…
СДСМ: Сè што кажа Мицкоски излажа –…
„Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово…