СДСМ: Нема учебници, не работи е дневник, Јаневска и Мицкоски излажаа

t

Образованието и учениците денеска во Македонија денеска ја плаќаат цената на неспособноста на министерката Весна Јаневска, истакнаа денеска на прес-конференција од СДСМ.

– Тотален хаос во образованието на почеток на учебната година особено со учебниците.

Иако Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа дека сите деца ќе имаат нови учебници, вистината е поразителна, Мицкоски и Јаневска излажаа.

Недостасуваат многу учебници, учениците воопшто немаат учебници за голем број предмети, а и тие што ги има се искинати, распарталени или половични.

Нема учебник по математика за 8 мо одделение, во голем дел на училиштата се поделени само дел, некои деца добија некои не, мора да ги делат.

Историја учебик за 8 мо исто така нема, па на Вибер е споделен електронски учебникот за да си го принтаат родителите.

Фалат учебници и по хемија и физика, нема учебници ниту по странски јазици, а состојбата во стручните училишта е уште полоша.

Ниту во средните училишта нема учебници, особено за прва година.

Речиси по сите стручни предмети нема учебници, управно процесно, правно и државно уредување.

Учебници има само од прво до трето одделение, а за останатите ученици е тотален хаос. За четврто и петто одделние речиси и да нема учебници.

Јаневска тврдеше дека секое дете ќе добие нов учебник, а ниту тоа ветување не е исполнето.

Јаневска го претстави новиот е-дневник како „унапреден систем со вештачка интелигенција“. А во реалноста пораз, системот е блокиран.

Наставниците не можат да работат, системот блокира, не снима податоци и не прифаќа информации.

Стариот е-дневник е затворен, а никој не знае каде завршиле податоците на учениците.

Поголем дел од наставниците сè уште немаат пристап, а учебната година веќе започна.

Наместо да се обучат наставниците, тие се оставени сами да се снаоѓаат во целосен дигитален хаос.

Во исто време, наставниците во повеќе региони седат дома без плата и без часови, бидејќи министерката не успеала навреме да ги потпише согласностите. Тоа е директен удар и врз наставниците и врз учениците.

Ова не е „унапредување“, ова е деградација на образованието и понижување на наставничката професија.

За овој хаос одговорноста е кај министерката Весна Јаневска која треба да замине од оваа позиција за да се спаси образовниот процес.

Доста е со експерименти на грбот на децата. Образованието не смее да биде заложник на популизмот и неспособноста на Весна Јаневска. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема учебници, не работи е дневник,…

Образованието и учениците денеска во Македонија денеска…

Филипче од Радовиш: Со огромни кредити од…

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го запре патот на…

Шукова го повика Орце Ѓоргиевски на јавно…

Доста беше бегање од одговорност. Доста беше…

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во…

Младите во Македонија денес живеат во држава…

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите…

СДСМ бара итна декласификација на целата документација…