СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад

t

За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени, велат од СДСМ.

„Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите.

За потсетување, во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства а разрешница имаше само за еден случај. Неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад.

Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како хотел Промаја, а граѓаните стравуваат за својата безбедност.

Нема скандал во изминатите 3 месеци а да не е поврзан со Тошковски и МВР.

Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Гази Баба ја надлетуваат полициски хеликоптери…

Полициски хеликоптер е вклучен и трага по…

(Фото) Во пукањето кај Мавровка убиен познат…

Како што дознава Инфомакс во пукање кај…

(ВИДЕО) СДСМ: Скандалот се продлабочува- Приватни возила…

„Според информациите кои од свиркачи се доставени…

Поранешен офицер на КФОР тврди: НАТО бомбардирањето…

Поранешниот американски офицер на КФОР Стив Расел…