СДСМ: Откако Таравари беше фатен во обид за криминал треба да одговара и да поднесе оставка

t

Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал со паркингот на Клиничкиот центар. велат од СДСМ.

– Под притисок на СДСМ, на јавноста тие се повлекоа, Таравари најави дека ќе го поништи спорниот тендер со албанската компанија Ѓока констракшн.

Но, јавноста и граѓаните веќе знаат дека постои основано сомнение целиот дил бил предвреме договорен и затоа мора да има одговорност.

Поништувањето на огласот не го побива фактот дека Владата на Мицкоски преку огласот на Министерството за здравство сама се согласила државата да се откаже од 99% од профитот и да добива само 1%.

Ова е основа за корупција и доказ дека дека се основани сомнежите дека огласот бил однапред правен токму за Ѓока Констракшн и на штета на граѓаните и пациентите.

Дополнително, фактот што во огласот како квалификација се барало компанијата да има градено мостови, што нема никаква врска со предметот на набавката, е јасен сигнал за истражните органи дека оваа спогодба била договарана, па затоа мора да се поведе постапка.

СДСМ бара итна и неотповиклива оставка од Таравари и целосна истрага од институциите.

Ако ова остане без разрешница, повеќе од јасно е дека истото ќе се повтори со друга компанија и за секоја следна набавка.

Јасно е дека оваа Влада, освен наместени тендери, нема интерес да работи нешто друго. Сите скандали што СДСМ ги објави досега потврдуваат дека постои сериозна тендерска мрежа со цел масовен грабеж и испумпување на буџетот кон приватни компании. – велат од опозициската партија на прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката…

Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија…

Костова: Додека за народот стана луксуз да…

Владата на ДПМНЕ за само девет месеци…

СДСМ: Откако Таравари беше фатен во обид…

Мицкоски и Таравари беа фатени во обид…

СДСМ: Мицкоски и Таравари се препелкаат во…

Од СДСМ велат дека не е јасно…

СДСМ: Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е напаѓај, лажи,…

ВМРО-ДПМНЕ нема пари за работниците, но има…