СДСМ: Поминаа ден-два, пожарите не се под контрола, а лопатарот Мицкоски и министрите се шетаат

t

Поминаа ден-два, пожарите не се под контрола, а лопатарот Мицкоски и министрите се шетаат, велат од СДСМ.

– Од првиот ден на пожарите, Мицкоски не знае што прави и како треба да ја менаџира кризата со пожарите. Целосно отсуство на одговорност и грижа се забележува кај премиерот, кој смета дека ако избега во странство или се бави со фрлање лопати на нови чешми, проблемот ќе исчезне. 

Ветуваше дека за ден-два ќе биле пожарите под конотрола, па откако работата отиде јабана, избега во странство. Откако виде дека лопатите не помагаат реши дека е најдобро да не е во земјата. Додека граѓаните со лопати самите гасат, тој фрла лопати за ПР.

Целата планина Серта е изгорена како резултат на спората реакција. Ова го потврдува локаланото население кое самото тврди дека четири и пол дена не добиле соодветна подрршка и не се сфаќала состојбата сериозно. 

Во моментов под закана е Пелистер, гори на 13 места, а Мицкоски си тера протоколарни настани за да помуабети со Орбан. Ништо корисно нема државата од неговите патувања, освен дека си прави фамилијарни прошетки. 

Ваква недоговорност не е забележана од ниеден премиер во минатото. 

Го повикуваме Мицкоски да го прекине шетањето по светот и удобните патувања на трошок на народот да ги замени со работа, за што е платен токму од граѓаните. – соопштија од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…