СДСМ: Разочарувачка е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржат предлог-законот за помош на настраданите во Кочани
„Ова не е прашање на партиски разлики – ова е прашање на совест, човечност, солидарност и грижа за сопствените граѓани. За Кочани мора да има правда, одговорност, но и силна поддршка и помош на оние на кои им е неопходна“, реагираат од СДСМ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) изразува длабоко разочарување од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не дозволат предлог-законот за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани да се најде на дневен ред во Собранието, реагираат од најголемата опозициска партија.
Оттаму нагласуваат дека станува збор за предлог без политичка позадина.
„ВМРО-ДПМНЕ требаше да покаже одговорност и зрелост, а не да се држи само до политичкиот инает. Зад она што е добро треба заеднички да застанеме без било какви политички калкулации, искрено и добронамерно. Ова не е прашање на партиски разлики – ова е прашање на совест, човечност, солидарност и грижа за сопствените граѓани. За Кочани мора да има правда, одговорност, но и силна поддршка и помош на оние на кои им е неопходна“,
порачаа од СДСМ.
Законското решение предложено од опозицискиот СДСМ, кое се однесува за обезбедување помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани, не ја доби потребната поддршка од пратениците за да се најде на дневниот ред на вчерашната собраниска седница.
Предлогот за дополнување на дневниот ред со оваа точка, која од собраниската говорница ја образложи координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, доби 18 гласа „за“, еден „воздржан“ и ниеден „против“, по што собранискиот спикер Африм Гаши констатираше дека предлогот не е усвоен.
Претходно пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека владејачкото мнозинство во парламентот нема да го поддржи законот бидејќи не сака да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена за политички маркетинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
„Се прашуваш каде живее човекот“, вели Жерновски…
Според Евростат, последни сме во Европа по…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…