Момче на 19 години се здоби со прострелна рана: Секоја вечер има пукање, со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див запад
Синоќа ново пукање, уште едно во низата, а повредено е младо момче од 19 години со прострелна рана.
Дополнително, во Струга, исто така во текот на вчерашната вечер околу 1 часот е запалено возилото на Началникот на полицијата.
Ова е второ запалено возило на полицаец за кратко време, после палењето на возилото на инспектор од Виница. Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити.
Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, се пука речиси секој ден, се палат возила на полицајци, има криминални пресметки. Хаос.
Само пред 4 дена имаше исто така пукање во Арачиново. Пред 10 дена се случи убиство кај Мавровка, пред тоа во Чаир, Синѓелиќ, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица…
А сторителите досега не се пронајдени. Од вкупно 8 убиства и обиди за убиства досега едвај едно има расчистено Тошковски. Криминалците бегаат од затворите, Тошковски не може да ги лоцира, на северната граница никој нема контрола се поминува како хотел Промаја.
Улиците станаа небезбедни, граѓаните стравуваат за својата безбедност. Криминалците прават што сакаат.
Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи.
Дали Мицкоски ќе собере храброст и да го повика на одоговрност Тошковски или ќе го брани?
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момче на 19 години се здоби со…
Синоќа ново пукање, уште едно во низата,…
Европски фронт нема да гласа за интерпелација,…
Пратеникот од редовите на Европскиот фронт, Блерим…
(Видео) Јенкис го хоум: Американски војници нападнати…
Националистичка група турска младина во понеделникот физички…
Секоја вечер има пукање, со Тошковски и…
Синоќа ново пукање, уште едно во низата,…
Хорор: Поранешен воспитувач во градинка признал 307…
Поранешниот наставник во градинка Ешли Пол Грифит…