СДСМ се налути: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби трагедијата на Александар Ковачевски!

t

ВМРО-ДПМНЕ падна прениско, дезертерот Драган Ковачки злоупотребува починати лица, реагира СДСМ откако пратеникот Драган Ковачки денеска праша дали премиерот Димитар Ковачевски го злоупотребил својот чичко Александар Ковачевски за да му се впише дека е „трајно неспосебен“ за служење војска.

„Ова што го прави очајниот шпицен градоначалник Христијан Мицкоски е под секое човечко, културно и политичко ниво. Не поминаа селективно фабрикуваните лаги за претседателот Ковачевски и сега Драган Ковачки оди уште пониско, злоупотребува починати лица. Зарем за ВМРО-ДПМНЕ е нормално за политички цели да се злоупотребува трагичната судбина на починатиот Александар Ковачевски, на кого му починаа две деца? До толку ли ниско се паднати да немаат ниту срам, ниту елементарно достоинство?“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Оттаму велат дека нивната политичка култура не дозволува дебатата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…