СДСМ со одбивањето на Декларацијата за Гоце Делчев покажа дека нема чесни намери во спорот со Бугарија и ги подрива темелите на македонската држава
„Идејата зошто се поднесе Декларација за заштита на ликот и делото на Гоце Делчев е затоа што се одбележуваат 150 години од неговото раѓање и во услови кога видовме дека власта не презема никакви активности и се соочивме со една ситуација каде што бугарската држава организираше бројни манифестации и издадоа почесна монета, научни дебати, концерти, а во Македонија немаше ништо, а премиерот не се ни појави на гробот на Гоце Делчев, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринска емисија на Канал 5 Телевизија, потенцирајќи дека СДСМ со одбивањето на Декларацијата покажа дека нема чесни намери во спорот со Бугарија.
Николоски нагласи дека СДСМ со ова покажаа дека се против зачувување на ликот и делото на Гоце Делчев и дека загрижувачки е фактот што и другите клучни историски личности од илинденскиот период се дел од преговорите со Бугарија и тоа значи подривање на темелите на македонската држава.
– Модерната македонска држава има јасен континуитет, и битката за модерната македонска држава почнува од 19 век преку буните, па процесот на преродба силен образовен процес, продолжува преку големите македонски востанија како Разловечкото и Кресненското. Оваа борба добива круна со Илинденското востание, но не застанува тука, има една континуирана битка и на територијата на Македонија се случува континуирано Востание кое добива свој врв со Втората светска војна, НОБ и АСНОМ како круна што е државотворна форма на еден дел од територијата на Македонија и своја дефинитивна државотворна форма со осамостојувањето и референдумот 1991 година. И ова никој не смее да го подрива, а сега се удира по клучните личности што значи се удира во темелите на македонската држава, појасни Николоски.
Николоски истакна дека во ваква ситуација загрижувачки е што МНР како надлежна институција за одбрана на интересите на македонската држава нема никаква реакција кон бројни провокации кои доаѓаат од Бугарија.
– Премиерот на Бугарија, Петков, нема проблем да се јави за скршено стакло во Битола, а нашиот премиер и нашето МНР имаат проблем да испратат протесна нота за подривање на целокупниот национален идентитет, рече Николоски.
Николоски во однос на прашањето дали е можно решение на спорот во овој момент истакна дека нема добра волја од бугарска страна и дека голем проблем е што македонската влада не покажува добри резултати на другите полиња за да може да се изврши притисок врз Бугарија.
– Најмоќните земји во ЕУ не се убедени дека Македонија треба да почне преговори, пред се заради лошиот перформанс во делот на спроведување на реформи и борба со организиран криминал и корупција. Сметаат дека непостоењето на функционален систем на владеење на правото и корупцијата со која никој не се бори ја подриваат државата и затоа не вршат притисок врз Бугарија. Да беа убедени проблемот може да биде решен за едно пладне, потенцираше Николоски.“ – Пишува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…