СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија
Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија, соопштија денеска од СДСМ. Во продолжение целосното соопштение
Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија.
Во неколку месеци Мицкоски успеа да искомбинира катастрофални економски резултати, со бесцелни патувања во странство иако државата е комплетно изолирана дури и од нашите НАТО и ЕУ партнери со кои имавме децениска одлична соработка.
На сето ова треба да се додадат и гоштевањата со народни пари, милиони потрошени за бејби-биф, папаја, манго, октоподи, додека власта се противи на барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата, а синдикалната кошничка и трошоците за живот се зголемуваат секој месец.
Им нема крај ниту на скандалите во општините со кои „скандинавски“ раководат градоначалниците на Мицкоски, на кои приоритет им е единствено местење на тендери, а граѓаните се оставени сами да се снаоѓаат во хаос.
Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да излезат од Владата и да се вратат заедно со народот. Ова е потврда дека доскорешните партнери на Мицкоски се евакуираат откако во јавноста беа споделени низа на скандали за власта.
За прв пат во 35 години независност и плурализам се случува за толку кратко време најголемиот коалиционен партнер да ја напушти Владата, и тоа оваа на Христијан Мицкоски.
На крајот, Мицкоски ќе остане осамен и опкружен само со неговите клиентелисти и амбицирани криминалци. Граѓаните јасно гледаат низ прозирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…