СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

t

Последниот случај со фемицид во Велесп покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното – човечкиот живот. – пишува во соопштението на СДСМ.

За сите пропусти на институциите, мора да има политичка и кривична одговорност.

Министерот Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка затоа што се покажа неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата.

Наместо институција која треба да заштити човечки животи, Тошковски го претвори МВР во партиски сервис кој ги штити интересите на власта и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалозните измени на Закон за полиција и Закон за внатрешни работи кои ги направи Тошковски го срозаа МВР, ги истиснаа професионалците и го претворија во партиски инструмент. Со тоа се изврши директен удар врз функционирањето на најважниот дел од безбедниот систем, а последиците граѓаните ги чувствуваат секој ден.

Додека МВР се водат како партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе живеат во страв.

После сите случаи на фемициди, еколошки катастрофи, пожари, убиства, запалени возила, престрелки кои се случија додека Тошковски е на чело на МВР неговата одговорност е прв чекор кон враќање на безбедноста и спокојот на граѓаните.

Време е полицијата да се врати во служба на народот, а не на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ. – порачуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР…

Последниот случај со фемицид во Велесп покажа…

СДСМ: Советници открија дива депонија во Илинден…

Кандидати за советници од редовите на СДСМ…

Тренчевска: Жените не смеат да живеат во…

Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована…

Шукова најави 15 нови паркови во првите…

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од…

СДСМ: За навредите на Миленко кон жените…

Во денови кога Македонија е потресена од…