СДСМ: За навредите на Миленко кон жените бараме санкции и негово разрешување од ФК Вардар

t

Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени, кога мајки, сестри и ќерки живеат во страв поради неспособност на институциите, Миленко Неделковски, пуленот на ВМРО-ДПМНЕ си навреди и омаловажувања кон жените. – пишува во соопштението на СДСМ

Денеска, тој си дозволи со навреди кон нашата сопартијка.

Не е ова прашање на политика туку на лична безбедност и почит кон жените.

Ваквото однесување на луѓето блиски до власта и ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш и најстрого да биде санкционирано.

Очекуваме јасна и недвосмислена осуда од сите граѓански здруженија, организации, медиумски асоцијации и јавни личности.

Очекуваме реакција и санкционирање од сите надлежни институции.

ВМРО-ДПМНЕ да не молчи туку да го осуди Неделковски бидејќи молкот е соучесништво, а премолчувањето значи охрабрување на насилството.

Бараме овој човек веднаш да биде разрешен од ФК Вардар. Најтрофејниот фудбалски клуб во државата не смее да си дозволи да има вакви личности. Ниту спортот, ниту спортските работници, ниту навивачите, граѓаните не заслужуваат човек кој шири омраза и навреди да биде претставник на клубот.

Најавуваме дека Форумот на жени на СДСМ ќе поднесе и соодветна пријава за овој случај. Ние нема да молчиме пред навреди, закани и омаловажувања кон жените.

За секоја жена, за секое семејство, за достоинствено општество. – додаваат од СДСМ

Во денешната прес – конференција на Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ, беше побарана оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по трагичниот настан во Велес, каде што беше убиена млада девојка и нејзиниот татко од поранешниот партнер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…

Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Mирен протест во Богданци во чест на…

Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…

„Фемицидот мора да се спречи пред да…

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…