СДСМ убедени: Референдум против ЕУ не може да успее!
Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски е против членството во ЕУ и сите негови активности се насочени исклучиво против ЕУ, соопштија денеска од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека и самиот Христијан Мицкоски јавно кажа дека е против Европската унија.
Мицкоски стана едно со Димитар Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ стана едно со Левица, проруска партија која е против НАТО и ЕУ.Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија.Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.Референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба, велат од владејачката партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…