СДСМ: Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност?

t

Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и нефункционирањето на институциите под раководство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагираат од СДСМ.

– Граѓаните на Скопје и цела Македонија се чувствуваат небезбедно на улиците, додека криминалот и насилството се шират на секој чекор.

Наместо ефикасна превенција и реакција, сведоци сме на институционален хаос и нефункционалност на Министерството за внатрешни работи.

Оваа неспособност загрозува човечки животи.

Уште колку луѓе треба да загинат по улиците за Тошковски да понесе одговорност?

Министерот Тошковски мора веднаш да преземе одговорност за загрозената безбедност.

СДСМ бара итна и транспарентна истрага за престрелката, целосно расветлување на настанот и изведување на виновниците пред лицето на правдата.

Дополнително, потребна е промена на безбедносниот систем и засилени мерки за зајакнување на јавната безбедност, особено во чувствителни области.

Граѓаните не заслужуваат да живеат во страв, граѓаните заслужуваат мирен и безбеден живот, а институциите мора да обезбедат сигурност, велат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…