Објавено на:

Северна Кореја воведува локдаун!

t

Северна Кореја воведе блокада низ целата земја откако ги потврди првите случаи на Ковид -19 од почетокот на пандемијата.

Инфекциите предизвикани од подваријантата БА.2 на високо преносливиот вид Омикрон се откриени во главниот град Пјонгјанг на 8 мај, објавија денеска државните медиуми.

Според Корејската централна новинска агенција (КЦНА), властите не го прецизираа бројот на случаи, но ја опишаа епидемијата како „тешка ситуација“.

На состанокот на владата, со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се препорачани „најитни“ контролни мерки „за справување со кризата за да се спречи епидемијата“.

Епидемијата предизвикува загриженост за земјата, една од ретките што нема пријавено ниту еден случај на инфекција од почетокот на пандемијата.

Превентивната стратегија на Северна Кореја се потпира на целосно затворање на границите од јануари 2020 година.

Светската здравствена организација нема податоци за вакцини против Ковид-19 во земјата со 25 милиони жители, откако Пјонгјанг постојано одбиваше снабдување со вакцини од меѓународната заедница. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…

Не се согласувам со вашата констатација дека…

​​​​Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва  без ,,Северна“

На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…

Името „северна“ Македонија го има пет пати…

Во поднесокот на имињата на новите министри…

Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…

Европска народна партија: ВМРО-ДПМНЕ доследно да го…

Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија…