Северна Кореја ја призна Доњецката Народна Република
Северна Кореја ја призна Доњецката Народна Република, изјави лидерот на ДНР Денис Пушилин и додавајќи дека тоа е „уште една победа на дипломатијата“ на таа република.
– Демократска Народна Република Кореја денеска ја призна Доњецката Народна Република. Меѓународниот статус на Доњецката Народна Република и нејзината државност продолжуваат да се зајакнуваат. Тоа е уште една победа на нашата дипломатија – рече Пушилин во изјавата објавена на налогот на социјалната мрежа Телеграм.
Тој додаде дека оваа одлука „ќе биде основа за понатамошен развој на односите во економската сфера“, како и дека партнерството ќе ја прошири географијата на трговијата за компаниите во ДНР.
– Благодарни сме на народот на Северна Кореја за ваквата значајна поддршка за жителите на Донбас – изјави Пушилин и додаде дека се надева на активна и плодна соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брука: Јаневска се извинува што не…
Министерката за образование, Весна Јаневска, продолжува со…
Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…
Не се согласувам со вашата констатација дека…
Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва без ,,Северна“
На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…
Името „северна“ Македонија го има пет пати…
Во поднесокот на имињата на новите министри…
Европска народна партија: ВМРО-ДПМНЕ доследно да го…
Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија…