Објавено на:

Северна Кореја ја призна Доњецката Народна Република

t

Северна Кореја ја призна Доњецката Народна Република, изјави лидерот на ДНР Денис Пушилин и додавајќи дека тоа е „уште една победа на дипломатијата“ на таа република.

– Демократска Народна Република Кореја денеска ја призна Доњецката Народна Република. Меѓународниот статус на Доњецката Народна Република и нејзината државност продолжуваат да се зајакнуваат. Тоа е уште една победа на нашата дипломатија – рече Пушилин во изјавата објавена на налогот на социјалната мрежа Телеграм.

Тој додаде дека оваа одлука „ќе биде основа за понатамошен развој на односите во економската сфера“, како и дека партнерството ќе ја прошири географијата на трговијата за компаниите во ДНР.

– Благодарни сме на народот на Северна Кореја за ваквата значајна поддршка за жителите на Донбас – изјави Пушилин и додаде дека се надева на активна и плодна соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот воен дописник Расел Бентли исчезна во…

Американскиот воен дописник Расел Бентли исчезна во…

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

Уште во техничката влада ДПМНЕ почна да…

ДПМНЕ се заложува за спроведување на „Преспанскиот…

ЌЕ ПАДНЕ СЕВЕРНА?! “Преспанскиот договор” во четврток…

Предметот во кој е оспорен Указот и…