Сега се отстрануваат и обвинителите кои го гонат Рашковски – кој и зошто врши притисок врз правдата?
Обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција.
Изборот на Пеливанов доаѓа откако во петокот беше потврдена суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, која има мандат за да биде шефица на ова обвинителство.
Одлуката за поставување на Пеливанов била едногласно изгласана од присутните членови на седницата. Тој ќе ја обавува функцијата до завршувањето на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал со оглед на тоа што мандатот на Русковска истекува во ноември.
Првиот меѓу „еднаквите“ обвинители во Советот на Јавни обвинители Антонио Јолевски во изјава за Инфомакс вели дека Пеливанов нема да биде назначен за вршител на должност на функцијата шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, туку дека само ќе биде овластен за потпишување на поштата и тековните предмети.
– Не само примање на пошта, туку и организационите работи бидејќи не може да остане најзвучното обвинителството без лице кое ќе раководи со истото.
Согласно годишниот распоред на ОЈОГОКК прв заменик обвинител на шефицата на обвинителството Вилма Русковска е обвинителката Ивана Трајчева која од овој четврток треба да се врати на работа по нејзиниот годишен одмор.
– Да точно е, согласно годишниот распоред на обвинителството. Таа ќе си продолжи со работа бидејќи не е суспендирана, туку има дисциплинска постапка.
Ивана Трајчева, инаку е надлежен обвинител во случајот со екс-генералниот секретар Драги Рашковски на кого му беше започната кривична постапка и уште други шест лица поради злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.
Обвинителството смета дека Рашковски во периодот од јуни 2017 година до февруари 2021 година, со умисла помогнат од двајца надворешни соработници, ги извршил кривичните дела. „Тој не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици“, наведуваат од Обвинителството.
Оттука, логично произлегува и сомнеж дека прескокнувањето на Трајчева да биде поставена како раководител на ОЈОГОКК е чекор кон заташкување на постапката против Рашковски, и дел од политичкиот притисок за кој зборуваше и Русковска.
Антонио Јолевски од Советот за јавни обвинители пак, тврди дека тоа не е случај, и дека ако требало да биде суспендирана, Трајчева досега би била „оддалечена од работното место“.
– Ивана Трајчева ќе си постапува по своите предмети, таа досега како прв заменик на Русковска имаше контакт со сите предмети на обвинителството. Сега, кога ќе се врати на работа таа ќе продолжи да си ги работи своите предмети но нема да има контакт со останатите бидејќи и таа е опфатена во истата постапка како и Русковска – против неа има поведено дисциплинска постапка но има и кривична пријава од Муареми, вели Јолевски.
Мандатот на Русковска како шеф на ОЈОГОКК завршува на 14.11.2022 за кога треба да се одржат и непосредни избори на кои треба да се избере новиот шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Јолевски вели дека Русковска, можно е и следната недела да се врати на работа, но дека и по завршувањето на нејзиниот мандат и додека трае подготовката на изборите, Пеливанов ќе остане да раководи со инстутцијата во отсуство на Русковска.
– На 14.11 годинава е последниот ден од мандатот на Русковска, но како и да е, ние мораме да распишеме оглас за избор на нов шеф на обвинителството. Била или не вратена на работа, ова мора да го организираме. Ние во тоа време, ако се врати Русковска да речам идната недела таа ќе си продолжи со раководење на обвинителството, но до тогаш – додека Русковска е оддалечена од работа поради суспензија, Пеливанов ќе раководи со организационата работа на обвинителството.
Пеливанов беше дел до тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство каде беше четири години, односно од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започнал во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде бил до 2015 година. Тој има стаж од 11 години. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше избран минатиот април, кога беше оценет со 25 поени за тоа како ја извршува својата работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Русковска и нуделе функција да прекине…
Истите личности кои ми нудеа да бидам…
Каде е Директорот на финансова полиција?
Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…
(Во живо) Референдум за влез на Македонија…
Јанко Илковски во втората сезона на Тешки…
(Видео) УМС со урнебесна акција: Рашковски е…
"Денес, во центарот на Скопје како УМС…
Започнува cyдењето за Рашковски – се гони…
Судскиот процес против поранешниот генерален секретар Драги…