Сега Шолц ни е надеж: Предлага олеснето пристапување во ЕУ, не може за се да се одлучува едногласно!
Германскиот канцелар предлага да се поедностават правилата за пристапување во ЕУ за новите земји.
Во моментов за тоа треба да гласаат сите 27 членки на Европската Унија, но веќе подолго време се разговара за олеснување на ова правило.
Во интервју за „ДПА“, Олаф Шолц вели дека во иднина нема да може да се одлучува за се едногласно.
Германскиот канцелар има намера да ги претстави своите предлози за ова прашање 23-24. Јуни на следниот самит на ЕУ, на кој ќе се разгледуваат апликациите за влез на Грузија, Молдавија и Украина.
Се уште не се познати деталите за предлогот на Шолц.
Европската комисија претходно препорача Украина да добие статус кандидат за членство во ЕУ, но беше наведено и дека може да го повлече доколку земјата не спроведе реформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…
Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…