Седница на ЦО: Граѓаните осиромашуваат – СДСМ ќе предложи пакет решенија за подобрување на животниот стандард
Попладнево се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ.
На седницата, Централниот одбор оцени дека со погрешните политики на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ животниот стандард на граѓаните со месеци се влошува, граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат.
Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока.
СДСМ останува посветена на борбата за подобар животен стандард. Како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година.
Воедно Централниот одбор избра нов состав на Централна изборна комисија на СДСМ и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на Претседател на партијата.
СДСМ е единствената партија во земјата во која што членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите.
На оваа седница Централниот одбор го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе започнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…