Секој трет граѓанин во земјава дал мито за да му се заврши некоја работа

t

Секој трет граѓанин во Македонија дал одреден вид мито за да му се заврши работа, покажуваат најновите податоци од извештајот за процена на корупцијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, на настан посветен на Меѓународниот ден за борба против корупцијата посочи дека на 37% од граѓаните им било побарано мито, а 31% навистина дале мито.

Според извештајот, корупцијата сега е втор најголем општествен проблем, но останува широко распространета и, како што истакна Кржаловски, „за жал доста прифатена“. Довербата во судиите и обвинителите е најниска меѓу институциите, додека довербата во Парламентот е релативно висока.

ЕУ, преку заменик-шефот на Делегацијата Бен Нупнау, ја повтори поддршката во борбата против корупцијата, но и предупреди дека три години по ред нема напредок во оваа област. Тој повика на усвојување нов Кривичен законик, реформи и целосна деполитизација на правосудството.

Амбасадорите на Швајцарија и Шведска, Кристоф Зомер и Ола Сулстром, ја нагласија потребата од системски пристап и континуирана секојдневна борба против корупцијата, додека ОБСЕ истакна дека за ефикасни резултати се потребни личности кои активно ќе ги туркаат реформите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потврдено обвинението за корупција за падот на…

Вишиот суд во Белград денес објави дека…

EK: Северна Македонија не постигна никаков напредок…

Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено…

Детали за акцијата на ОЈО ГОКК: Неофицијално…

Во акција на Министерството за внатрешни работи…

„Фајненшл тајмс“ за новите партнери на Мицкоски:…

Светски познати медиуми како „Фајненшл тајмс“ во…

Давеник и за сламка се фаќа… Откако…

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кого…