Селаковиќ: Никој не ги разбира Македонците како Србите, ниту, пак, некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа Македонци
Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјални прашања, Никола Селаковиќ, на одбележувањето на 111-годишнината од Кумановската битка од Балканските војни, истакна дека српскиот и македонскиот народ многупати во историјата споделувале добро и зло.
Селаковиќ се заблагодари на Владата на Македонија, на градот Куманово, на општина Старо Нагоричане и на сите што овозможија да се одбележи овој голем настан од заедничкото минато.
Слободно може да се каже дека исто како пред 111 години, така и денес, никој не ги разбира Македонците како што тоа ги разбираат Србите, ниту, пак, некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа и сестри Македонци, рече Селаковиќ.
Како што вели српскиот министер, на 6 октомври 1912 година христијанската српска војска влегла во Скопје првпат по 520 години.
Тогаш првпат биеја камбаните во црквите, а за тоа сведочи и камбаната во селото Довезенци, недалеку од тука во Куманово, што беше вест за слободата, истакна Селаковиќ.
Тој нагласи дека „нашите предци дошле овде да ги ослободат своите браќа и сестри со крв и вера кои со векови страдале под отоманското ропство“.
Во таа добра волја, денеска дојдовме овде да им се заблагодариме на оние кои го чуваат вечниот спомен и овој вечен дом на нашите предци кои загинаа во Кумановската битка, да кажеме дека денес заедно се бориме за мир, дека заедно се бориме за просперитет на нашиот народ, нашите сопруги, деца, старите луѓе, сите оние кои живеат заедно со нас и го делат нашиот животен простор, вели Селаковиќ.
Тој додаде дека „во борбата за мир и просперитет, се бориме за секое ново работно место, дека се бориме преку Отворен Балкан со заеднички настап на трети пазари и во трети земји да ги зајакнеме нашите економии и заеднички да видиме иднина во европското семејство и заедница на народи на кои и припаѓавме пред 111 години, на кои припаѓаме и денес и на кои културно и цивилизациски ќе припаѓаме и во иднина“.
Претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ и се заблагодари на Македонија и на „браќата Македонци што имаме можност заедно со раководството на Србија и заедницата на Србите во Македонија и нивните здруженија да ги посетат сите места на српските успеси“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таксист влетал во ученици на блокадата во…
За време на денешната акција „Застани, Србија“…
Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…
Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…
Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…
(Фото) На вчерашниот протест во Белград имало…
Врз основа на достапните снимки и фотографии,…
Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни…
Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја…