Селаковиќ: Од Брисел се лицемерни, Албанците од двете страни на границата се обединуваат

t

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ изјави дека од Брисел не може да се види ништо ефективно и посочи дека освен што ги премолчува плановите за формирање на голема Албанија, молчи и за неисполнување на обврските на Приштина кои произлегуваат од дијалог.

„Ефективно, не можете да видите ништо, исто како што не можете да видите суштински јасни притисоци кога станува збор за исполнување на обврските на Приштина кои произлегуваат од дијалогот“, рече министерот за телевизија Пинк.

Кога станува збор за плановите за создавање на т.н на Голема Албанија, шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ вели дека ова е „само една од можностите да се види колку Брисел и сите останати ќе молчат и нема да одговорат на нешто такво“.

„Можете да го видите целото лицемерие кога се во прашање предизвиците со кои се соочува целиот Западен Балкан. Како што вие молчите на сите соопштенија за Голема Албанија, така молчите и за вакви процеси, а како што можете да видите, Албанците и на од двете страни на границата, тие напорно работат на вакво зближување“, рече Селаковиќ.

На прашањето какви би биле реакциите доколку Србија работи на обединување со Република Српска, Селаковиќ посочи дека Србија тоа не го прави и дека го почитува територијалниот интегритет на БиХ со РС, согласно Дејтонскиот договор.

„Ние недвосмислено го поддржуваме и го сакаме нашиот народ во Српска, но имаме јасни позиции кога станува збор за оние принципи на односите во меѓународната заедница и меѓународното право, кои го задржуваат нашиот став за прашањето за Косово и Метохија“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…