Села: Во објавените резултати од пописот има работи кои се противзаконски

t

Алијанса за Албанците има многу забелешки за спроведениот Попис 2021. Пописот е државен интерес, а не владин интерес. Требаше да има комисија која ќе ги обработи податоците и да ги соопшти пред јавноста, а не тоа да остане во рацете на директорот и заменик-директорот, без разлика дали им се врзани потписите или не, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во Собранието.

Според Села, во објавените резултати има работи кои се противзаконски, како што за попис беа предвидени етнички заедници кои се противуставни и не постојат. Села рече дека македонските муслимани ги имаше во пописот, а ги нема во резултатите и јавно праша за оваа етничката заедница колкав е нивниот процент и каде е пресметан тој. Посочи дека во пописот учествуваат сите етнички заедници кои се предвидедни во Преамубалата на Уставот или ако тоа треба да се дозволи за сите не мора да стои една или друга етничка заедница, туку да стојат сите. Овој момент, како што потенцира, го прави протиуставен Пописот и става недоверливост на резултатите поради тоа што немаме одговор каде се регистрирани.

Според Села, граѓаните кои поради несигурност, висока корумпираност, партизирано судство и недоверба во институциите, недостиг на економски развој, мигрираат секојдневно и живеат надвор од земјава не е 12 отсто.

-Ако целта на пописот беше да се прикријат трагите на неуспешните политики и корумпираните политичари кои овие 20 години владееле, тоа на се личи, само на попис не личи, рече Села. Додаде дека според анализите на Светска банка, на Евростат, во последните две декади над 30 отсто од вкупно население на државата е иселено.

Села смета дека најнезаконската бројка во Пописот 2021 се 132 илјади граѓани кои, како што рече, се тука, кои немаат ниту идентитет, ниту јазик, ниту религија, само постојат како број. Соопшти дека оваа бројка е противзаконска, противуставна, не треба да стои и го повика Државниот завод за статистика да ја повлече.

Претседателот на АА рече дека граѓаните треба да знаат кој е виновен за резултатите од пописот, наведувајќи ги Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети . -Бесцелно е да се пофалат дека постигнале нешто, се знаат актерите кои не доведоа во ваква ситуација, рече Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшно: Основец тепал наставничка и нападнал соученици…

Вчера ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско…

СДСМ ги осуди заканите меѓу Мицкоски и…

Претстојните избори се клучни за иднината на…

Тетовец му се заканувал на полицаец преку…

Жител на Тетово му се заканувал на…

Почна молкот за претседателските избори – гласаат…

Од синоќа на полноќ започна предизборниот молк…

Вучиќ: Ќе му покажеме на светот како…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија…