Селекторот вети: Со иста желба и мотивираност ќе играме и против Португалија!
Селекторот Благоја Милевски најави дека македонските фудбалери со иста желба и мотивираност како вчеравечер во Палермо ќе и се спротивстават и на Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.
Притисок секогаш ќе има, но и мотивот (за победа) секогаш е тука, без разлика кој ни е противник. Фер и коректно е да се надеваме дека можеме победиме, изјави Милевски по пристигнувањето на репрезентативниот табор вечерва на скопскиот аеродром.
Коментирајќи ја сензационалната победа над европскиот првак Италија на гостински терен, Милевски рече дека триумфот е „мотив плус и показател дека сме на вистинскиот пат“.
-Ние сме мала држава и мала репрезентација, во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат, изјави Милевски, кој денеска го прославува својот 51. роденден. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пешевски: Македонија може мирно да спие, во…
Пивотот на македонската ракометна репрезентација, Жарко Пешевски,…
Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…
Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…
Селекторите едногласни: Во прв план е фудбалскиот…
На прес конференциите пред одигрувањето на утрешниот…
Сефте победа на македонските одбојкари за убедлив…
Во својот прв настап одбојкарската репрезентација на…
Кирил Лазаров и Филип Миркуловски ќе го…
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…