Објавено на:

Сериски убиец во Кенија осомничен дека убил 42 жени, меѓу кои и сопругата

t

Осомничениот сериски убиец Колинс Џумаиси е уапсен во Кенија по откривањето на неколку тела во каменолом во Најроби, а полицијата денеска соопшти дека тој признал дека убил 42 жени, меѓу кои и неговата сопруга.

Полицијата соопшти дека Џумаиси, 33-годишен маж кој живее во близина на каменолом во населбата Мукуру на југот на кениската престолнина, бил уапсен претходно денеска, пренесува Ројтерс.

Вршителот на должноста началник на полицијата Даглас Кања Кирочо изјави дека досега во каменоломот се пронајдени девет тела.

„Јасно е дека имаме работа со сериски убиец, психопатски сериски убиец кој нема почит кон човечкиот живот“, изјави Амин Мохамед, шеф на Одделот за криминални истраги, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека Џумаиси признал дека намамил и убил 42 жени и ги фрлил нивните останки во каменолом. Мохамед нагласи дека убиствата наводно започнале во 2022 година, кога ја убил сопругата, а последното злосторство било извршено во средината на мај.

Полицијата, исто така, соопшти дека пронашла неколку мобилни телефони, лични карти, мачета за која се верува дека била употребена кај жртвите, индустриски гумени ракавици, ролни селотејп и десетина пластични кеси слични на оние во кои биле пронајдени жртвите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиецот од Словачка бил најдобар ученик во…

Според словачките медиуми, ученикот Самуел (18) кој денеска…

Oфицијално е уапсен убиецот од загрепското училиште,…

Тинејџерот кој со нож уби седумгодишно момче…

Украина ќе почне да мобилизира жени?

Украинскиот парламент, Врховната Рада ги направи првите…

БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња…

Ирак се подготвува да ја намали законската…

Сериски убиец во Кенија осомничен дека убил…

Осомничениот сериски убиец Колинс Џумаиси е уапсен…