Серија инциденти низ Скопје: Полицијата извести за неколку тепачки

t

Завчера серија инциденти на подрачјето на Скопје. Се тепале во угостителски објект, но и на улица. Тепачка имало и во кампот за бездомници. Ова се деталите од полицијата.

– На 13.10.2024 во 21.15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле Г.Д.(51) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 13.10.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Р.Е.(39) и С.А.(53), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 13.10.2024 во 17.54 часот во СВР Скопје, Д.Г.(20) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на подрачјето на Центар, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 13.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(20) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот во двор од камп за бездомници во село Визбегово, скопско, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од Л.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серија инциденти низ Скопје: Полицијата извести за…

Завчера серија инциденти на подрачјето на Скопје.…

Рама од Луксембург: Албанија ќе ја подготвиме…

Премиерот Еди Рама, кој ја предводи албанската…

Тренчевска: За само 110 дена новата влада…

Во изминатите 110 дена не видовме никаков…

Вашингтон пост: Израел ќе го нападне Иран…

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти…

Стокомак влегува и во Србија

Еден од најголемите македонски трговски синџири Стокомак…