Рама од Луксембург: Албанија ќе ја подготвиме за ЕУ ​​до 2030 година

t

Премиерот Еди Рама, кој ја предводи албанската делегација на втората меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, од Луксембург порача дека “Албанија ќе биде подготвена за ЕУ ​​до 2030”.

Според него ЕУ и Европа се единственото место каде што Албанија сака да биде, “единственото место каде што сакаме да им ја оставиме на идните генерации безбедноста што ја оставаме во единствениот простор каде што може да се гарантираат слободите, правата, владеењето на правото и безбедноста”.

-Така да, овој момент е посебен и морам да му се заблагодарам на Владимир Путин, кој поради суровата војна на агресија ги разбуди и најскептичните и ги натера да ја видат реалноста дека Западен Балкан е неопходен за посилна ЕУ колку што и ЕУ е неопходна за Западен Балкан, изјавил Рама, објавија албанските медиуми.

Според него, и двете страни сме на иста бранова должина.

-Ќе дадеме се од себе и ќе трчаме брзо за да се погрижиме овој извонреден прозорец на можности да не се затвори без нас, внатре во Европската унија… Ќе ја направиме Албанија подготвена за Европската унија до 2030 година, нагласил Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките…

Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка…

Санчез ја заврши кампањата со апел: Да…

Шпанскиот премиер во заминување, социјалистот Педро Санчез,…

Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…

Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…

(Видео) Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме…

Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме пред…

Зеленски со указ забранува медиумите да известуваат…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со…