Објавено на:

Сестрата на исчезнатиот Миле Тодоров тврди дека очевидци го виделе кај планината Серта

t

По сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, кој исчезна на 30 јануари годинава е виден како се движи покрај планината Серта. Доста бил ослабнат и со подолга коса и брада, објави на Фејсбук Марија Атанасиевиќ, сестрата на исчезнатиот Тодоров.

Таа апелира до сите кои се движат таму, да проверат и да пријават во полиција.

Миле Тодоров од Неготино исчезна на 30 јануари оваа година. Исчезнатото момче во полиција го пријавил неговиот татко.

– На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – соопшти тогаш МВР.

Миле последен пат бил забележан во Марена, на 30 јануари, околу 10:30 часот. Облечен е во работничко одело,бело палто и црн елек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сестрата на исчезнатиот Миле Тодоров тврди дека…

По сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, кој…

Штипјанец пријавен за исчезнат

На 15.08.2024 во 15:50 часот во СВР…

Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми

На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…

На планината Серта изгореле 9.000 хектари шума-…

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги соопшти првичните…

По тринаесет дена пожарот кај Серта е…

Пожарот кај Серта е целосно изгаснат по…