Објавено на:

Сестрата на исчезнатиот Миле Тодоров тврди дека очевидци го виделе кај планината Серта

t

По сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, кој исчезна на 30 јануари годинава е виден како се движи покрај планината Серта. Доста бил ослабнат и со подолга коса и брада, објави на Фејсбук Марија Атанасиевиќ, сестрата на исчезнатиот Тодоров.

Таа апелира до сите кои се движат таму, да проверат и да пријават во полиција.

Миле Тодоров од Неготино исчезна на 30 јануари оваа година. Исчезнатото момче во полиција го пријавил неговиот татко.

– На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – соопшти тогаш МВР.

Миле последен пат бил забележан во Марена, на 30 јануари, околу 10:30 часот. Облечен е во работничко одело,бело палто и црн елек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миле Тодоров од Неготино кој исчезна во…

Семејството на 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино,…

Турски бизнисмен исчезна откако потона неговата јахта…

Турските власти се вознемирени од исчезнувањето на…

Повторно гори на планината Серта во Штипско,…

Пожар попладнево избувна на планината Серта меѓу…

Сестрата на исчезнатиот Миле Тодоров тврди дека…

По сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, кој…

Штипјанец пријавен за исчезнат

На 15.08.2024 во 15:50 часот во СВР…