Објавено на:

Сеул го повика рускиот амбасадор поради испраќањето војници од Северна Кореја

t

За време на средбата, првиот заменик-министер за надворешни работи Ким Хонг Кјун рече дека му го изразил своето разочарување на Георги Зиновјев, пренесе ДПА.

Зиновјев не даде коментар за новинарите по средбата во МНР, соопшти Јонхап.

Јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС) минатата недела ја обвини севернокорејската армија дека веќе испратила околу 1.500 војници за поддршка на руската инвазија на Украина.

НИС соопшти дека војниците биле транспортирани со руски бродови во Владивосток каде наводно се подготвуваат за распоредување во војната.

Агенцијата соопшти дека Северна Кореја одлучила да испрати вкупно околу 12.000 војници за да обезбеди поддршка, вклучително и специјални единици. НИС, исто така, тврдеше дека војниците треба да добијат руски униформи и лажни идентитети за да го прикријат нивното вистинско потекло.

Разузнавачката служба ги базирала своите информации на сателитски снимки и софтвер за препознавање лица кои биле користени во соработка со украинското разузнавање.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол ја опиша соработката на Северна Кореја со Русија како сериозна безбедносна закана не само за неговата земја туку и за меѓународната заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сеул го повика рускиот амбасадор поради испраќањето…

За време на средбата, првиот заменик-министер за…

Бендевска: „Уставни измени нема да се случат,…

Весна Бендевска од движењето ЗНАМ, рече дека…

Мајка на две убиени деца во масакрот…

Пред Вишиот суд во Смедерево, во просториите…

Фон дер Лајен на турнеја низ Балканот,…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Американскиот министер за одбрана во ненајавена посета…

Министерот за одбрана, Лојд Остин рано утринава…