Се бара забрана за увоз на возила постари од 10 години
Претставниците на О2 иницијативата побараа забрана за увоз на возила постари од 10 години и со „ЕУРО 5“ стандард, како и ограничување на увозот на нови возила со минимален „ЕУРО 6“ стандард. Ова барање е дел од напорите за намалување на аерозагадувањето во Македонија, кое предизвикува сериозни здравствени проблеми, особено меѓу децата.
Во барањето се нагласува дека постарите возила, кои испуштаат токсични хемиски супстанции како бензен и толуен, се посебно опасни, бидејќи овие емисии директно ги вдишуваат луѓето, а особено децата, кои се наоѓаат во близина на издувните гасови. Слични мерки веќе се имплементирани во земји како Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.
„Денес поднесовме барање до Владата и нејзиниот претседател за забрана на увозот на користени возила постари од 10 години и под „ЕУРО 5“ стандард во земјава, а увозот на нови возила да е со минимален „ЕУРО 6“ стандард.
Барањето е поддржано од Go Green, Фронт 21/42, Македонско здружение на млади правници, Институт за комуникациски студии, Зелен институт, Национален Ромски Центар Куманово, На Точак, Зелен Хуман Град, Шанса за Центар, Подобро за Тетово/Më mirë për Tetovën.
Возилата испуштаат повеќе од 200 токсични хемиски соединенија, чија количина е поголема кај постарите возила. Овие возила, особено со помината поголема километража, покрај зголемената емисија на ПМ честички, кои ги активираат проинфламаторните и канцерогени патишта во организмот, и другите штетни емисии на гасови, имаат зголемени емисии на многу токсичните јаглеводороди, меѓу кои бензенот, толуенот, етилбензенот, ксилените, бензо-а-пиренот. Ова се генотоксични, канцерогени и мутагени супстанции, многу опасни по здравјето на луѓето, особено децата.
Граѓаните кои пешачат или возат велосипед покрај сообраќајниците, кои чекаат на пешачките премини, се најизложени на овие токсични супстанции. Особено изложени се децата, бидејќи овие емисии се испуштаат во висина на нивните лица и тие најдиректно ги вдишуваат.
Заштитата на здравјето на граѓаните мора да биде пред сѐ. Во регионов вакви услови имаат воведено Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора“, истакнаа од „О2 Иницијатива“.
Претставниците на О2 иницијативата истакнаа дека и покрај економските придобивки од увоз на поевтини возила, здравјето на граѓаните треба да биде приоритет, а истакнаа и потребата од подобрување на јавниот транспорт, особено со електрични автобуси, како решение за загадувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се бара забрана за увоз на возила…
Претставниците на О2 иницијативата побараа забрана за…
Две возила излетаа од пат во околината…
Малолетник е повреден, а три лица се…
Од денеска поскапа регистрација на возилата
Поскапува регистрацијата на возилата од денеска, поради…
Се расправале, нападнале вработен и оштетиле возила:…
На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во…
Опожарени две возила во Гази Баба
Две патнички возила „форд“ и „бмв“ со…