Од денеска поскапа регистрација на возилата

t

Поскапува регистрацијата на возилата од денеска, поради повисоката цена на автодговорност за 15,4%.

Наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6166 чинеше досега полиса за автоодговорност за восила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се пллаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари.

За возилата до 44 киловати цената на полисите за автоодговорност остануваат исти.

Исто така ќе се променат и доплатоците за полисата за автоодговорност, односно 30% за такси возилата, и доплатоците за рент а кар возила, за оние возила кои имаат повеќе од пет седишта, товарни возила, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на имателот на полисата.

Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска поскапа регистрација на возилата

Поскапува регистрацијата на возилата од денеска, поради…

Опожарени две возила во Гази Баба

Две патнички возила „форд“ и „бмв“ со…

И Бугарија забранува влез на возила со…

Бугарија воведува забрана за влез на автомобили…

Косово забрани влез на возила со српски…

Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу изјави…