Се ближи временски шок: Од утре дожд, грмежи и нагло заладување – еве кога се враќа жештината

t

Додека денес уживаме во сончево и пеколно жешко време со температури до 39 степени, од утре метеоролозите најавуваат временски пресврт што ќе го прекине топлотниот бран.

Според УХМР, утрешниот ден ќе донесе нестабилности, особено во попладневните часови – се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а на некои места овие процеси може да бидат и интензивни.

По оваа краткотрајна дестабилизација, следуваат два дена со повторно стабилно и топло време, но веќе в петок не’ очекува нова промена. Ќе има променлива облачност, ветер и пад на температурите поради продорот на посвежа воздушна маса од север.

Добрата вест е дека за викендот времето ќе се стабилизира, а температурите повторно ќе почнат да растат, носејќи го жешкото лето назад. Сепак, подгответе се – утрешниот ден носи непријатни изненадувања од небо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се ближи временски шок: Од утре дожд,…

Додека денес уживаме во сончево и пеколно…

ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Мицкоски: Понудите за брзата пруга се доверливи,…

Сите понуди се доверливи и така ќе…

Прегазен велосипедист попладнево во Скопје

Попладнево во скопската населба Карпош 3 во…

Македонија ТРЕТА по пад на население во…

Населението на Албанија е намалено за 18…