Се ближи временски шок: Од утре дожд, грмежи и нагло заладување – еве кога се враќа жештината

t

Додека денес уживаме во сончево и пеколно жешко време со температури до 39 степени, од утре метеоролозите најавуваат временски пресврт што ќе го прекине топлотниот бран.

Според УХМР, утрешниот ден ќе донесе нестабилности, особено во попладневните часови – се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а на некои места овие процеси може да бидат и интензивни.

По оваа краткотрајна дестабилизација, следуваат два дена со повторно стабилно и топло време, но веќе в петок не’ очекува нова промена. Ќе има променлива облачност, ветер и пад на температурите поради продорот на посвежа воздушна маса од север.

Добрата вест е дека за викендот времето ќе се стабилизира, а температурите повторно ќе почнат да растат, носејќи го жешкото лето назад. Сепак, подгответе се – утрешниот ден носи непријатни изненадувања од небо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инкасатор од Свети Николе затаил 82.000 денари…

62-годишен вработен во „Комуналец“-Свети Николе ќе одговара…

Трамп објави нова мапа на Truth social:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели мапа…

Инфлацијата во август е 2,6%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…

ЗНМ укажува на потребата од професионален однос…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по…