СДСМ и коалицијата: Се бориме за нашиот дом со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта
СДСМ и коалицијата ја започнува кампањата со јасна порака: ова е борба за нашиот заеднички дом, Македонија. – пишува во соопштението до јавноста на опозициската СДСМ.
Речиси година и пол откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде целата централна власт и четири години локална власт, граѓаните се сведоци на неспособност, корупција, расипништво ароганција. Наместо економски развој, има застој, платите стагнираат а стандардот на граѓаните опаѓа. Наместо правда, има партизација и селективност. Наместо грижа за граѓаните, гледаме расипништво и трошење на јавните пари за лични привилегии на функционерите на власта.
СДСМ и коалицијата настапуваат со чесни и компетентни кандидати за градоначалници и советници, луѓе со интегритет, со програми кои нудат реални и остварливи решенија.
Овие избори се помеѓу лагите и расипништвото на сегашната власт и борбата за чесност, солидарност и достоинство. Избор помеѓу партизацијата и заробените институции, или враќање на власта во рацете на граѓаните.
СДСМ ја презема обврската и одговорноста да биде движење за слобода, правда и еднаквост. Нашиот дом е Македонија и ние ќе се бориме за него, за сите граѓани, за сите општини, за иднината на државата. – додаваат од СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ и коалицијата: Се бориме за нашиот…
СДСМ и коалицијата ја започнува кампањата со…
НАТО ја предупреди Москва: Подготвени сме да…
Европските дипломати го предупредија Кремљ дека по…
Рама: Косово доброволно стана заложник на Србија
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за…
Утре наутро нова блокада кај мостот „Близнак“
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ ја најави…
Тензично во Белград: студентите на протест, власта…
Србија синоќа доби двојна слика на улиците:…