Рама: Косово доброволно стана заложник на Србија

t

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Јехона политике” оцени дека  Косово доброволно станало заложник на Србија и оти „мора да го освои мирот, да ги исполни своите должности, кои Србија никогаш нема да ги исполни”.

Тој додаде дека Косово нема никаква врска со Србија и оти Косово не треба да ја зема предвид Србија на својот пат, нагласувајќи дека  „за мене, Косово ја доби војната, но мора да го добие мирот“.

„Да се добие мир значи да се седне на масата на демократската заедница. Тоа е сè. За да се направи ова, воопшто не смее да се гледа во Белград, воопшто не смее да се размислува за Србија, воопшто не смее да се грижи што велат или тврдат Србите, туку мора да се извршуваат сопствените должности“, посочи Рама.

Тој смета дека Косово „мора да ги извршува своите должности за себе и за својата иднина, а не за Србите”.

-Тие се поврзани со дијалогот, но се поврзани и со Европската Унија и САД, што значи дека ако има „x“ точки што треба да се исполнат на масата за дијалог, Косово треба да ги исполни еднострано и да продолжи напред. Воопшто не е важно што прави Србија, никогаш нека не ги прави, нема проблем, потенцира Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…