Се врати волјата за проширување на ЕУ, смета Оливер Вархеји
Европскиот комесар за соседство и политика за проширување Оливер Вархеји изјави дека се вратила волјата за проширување на Европската унија и посочи дека Србија презема „мали чекори“ кога станува збор за усогласување со надворешната политика на Унијата.
-Србија, кандидат за ЕУ, одржува блиски врски со Кремљ за време на десетгодишното владеење на претседателот Александар Вучиќ и се двоуми да се приклучи на санкциите против Русија, и покрај притисокот од Западот, изјави Вархеји во интервју за бриселскиот портал Еурактив.
На прашањето дали ЕУ би била заинтересирана за забрзување на пристапните преговори со Белград, Вархеји рече дека Србија отсекогаш имала многу посебни односи со Русија.
„Она што го гледаме во Србија е дека тие се во многу тешка ситуација поради ранливоста кога станува збор за снабдувањето со енергија и поради нерасчистената безбедносна рамка“, вели Вархеји и посочи дека земјата е речиси целосно зависна од рускиот гас и дека нејзината водечка енергетска компанија во мнозинска руска сопственост.
Тој додава дека и покрај стравувањата за усогласување (надворешна политика), во последните месеци може да се забележат позитивни знаци, а еден од нив е гласањето на Србија со Западот во Генералното собрание на ОН за Украина.
„Сакаме Србија да ни биде сојузник, ни треба Србија да се солидаризира со нас, но мораме да ја разбереме и нејзината позиција кога бараме нешто од неа“, истакнал Вархеји.
Европскиот комесар претходно се соочи со критики за обидот да го охрабри Белград на патот кон ЕУ, и покрај загриженоста за владеењето на правото.
Според него, Србија прави мали чекори и Брисел треба да им дозволи да ги преземат тие чекори.
„Затоа што ако не го сториме тоа, тогаш го добиваме токму спротивното од она што го сакаме“, кажа еврокомесарот навестувајќи дека отвореното пресилно притискање на Белград на одредени позиции носи ризик од губење на таа земја од ЕУ.
Вархеји истакна дека многу членки на ЕУ сакаат да видат поголема солидарност од Белград.
„Се надевам дека ќе дојде постепено, Белград е на европскиот пат, Србија е земја кандидат за ЕУ“, побарал еврокомесарот.
Вархеји порачал и дека војната во Украина ја „интензивирала“ дебатата за процесот на проширување на ЕУ и укажа на потребата од забрзување на процедурите кои претходната Комисија суштински ги прекина.
„Можеби ова е единствениот позитивен ефект од руската војна во Украина, бидејќи ги отрезни дискусиите за проширување, како и капацитетот за апсорпција на ЕУ“, оценил Варјеји.
Според него, ЕУ денес не само што разбира, туку е подготвена да работи на тоа, дека Европа нема да има безбедност, стабилност и просперитет без целосна интеграција на Западен Балкан.
Во последните години немаше голема волја за проширување во ЕУ и некои членки се обидоа да ја реформираат Унијата пред да примат нови членки.
„Не заборавајте, ние го презедовме мандатот од Европската комисија, која рече не за проширување, а потоа штетата е направена“, вели Вархеји, додавајќи дека Комисијата Јункер во втората половина од својот мандат сфатила дека тоа е стратешка грешка.
„Она што сега го очекувам и што ќе биде огромна одговорност за Комисијата е да постои јасна политичка волја, која не беше секогаш очигледна“, посочил еврокомесарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…