Се врати во Македонија првиот од 115 повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој се лекуваше во странство, момче кое беше хоспитализирано во Белград.
Дарко Стојанов беше пречекан од министерот за здравство Арбен Таравари и од министерот за надоворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пред Универзитетската клиника за токсикологија, каде извесен период ќе биде на опсервација.
Според протоколите на Кризниот штаб во Министерството за здравство, формиран по трагедијата во Кочани, секој од пациентите како што ќе се враќаат во земјава, минимум 24 часа ќе бидат на опсервација во некоја од клиниките во земјава.
„Од вкупно 115 пациенти коишто се лекуваат надвор од државата, денеска се врати првиот пациент од Белград конкретно. Пациентот ќе биде на Клиниката за токсикологија, а потоа докторите тука и конзилиумот на лекари ќе одлучат како понатаму, дали треба да се испрати во друга клиника, дали треба да продолжи со лекување или може да се пушти во домашни услови. Следните денови очекуваме и други пациенти да ни се враќаат и посакувам сите 115 живи и здрави да ни се вратат во Македонија и да продолжат да живеат нормално“, рече Таравари.
Тој додаде дека очекува во текот на оваа недела во земјава да се вратат од осум до десет пациенти кои се на лекување во странство.
Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, изјави дека пациентот што се врати од Белград е во сосема подобрена општа клиничка состојба и извесен период од неколку часа или можеби до утре ќе биде опсервиран на Клиниката.
„Во моментот се прават некои клинички иследувања, тој е прегледан, во сосема добра состојба е, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме да си оди дома кај семејството“, рече Чибишев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…
Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…
Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…
Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…
24 лица се во притвор, 30-тина се…
(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…
Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…