Се враќаат на корените… Грчката влада ќе предложи предлог закон за склучување на истополови бракови
Владата на Грција наскоро ќе претстави предлог-закон со кој се дозволуваат истополови граѓански бракови, најави денеска премиерот Киријакос Мицотакис и нагласи дека предложениот закон нема да го прошири правото на родителство преку сурогат мајки на истополови двојки.
„Она што ќе го постигнеме е брачната еднаквост. Ќе ја отстраниме секаквата дискриминација на сексуалната ориентација во бракот. Но, нема да го промениме законот за асистирано родителство. Идејата жените на барање да се претворат во машини за правење деца … тоа нема да се случи“, рече грчкиот премиер.
Неколку пратеници од десничарската владејачка партија Нова Демократија изразија противење на каква било ревизија на грчките закони за брак и родителство за да се вклучат истополови двојки. Премиерот денеска во интервју за државната телевизија ЕРТ изјави дека нема да бара меѓупартиска поддршка за да помине предлогот.
„Верувам дека ќе успееме да обезбедиме поддршка за овој закон. Некои луѓе ќе имаат значителна корист, во смисла дека ќе им решиме вистински проблем… Некои луѓе можеби не се согласуваат, но не можат да загубат“, рече Мицотакис.
Дозволувањето на истополовите граѓански бракови беше клучното предизборно ветување на Мицотакис, кој минатата година со убедлива изборна победа обезбеди втор четиригодишен мандат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…