Се договара средбата Путин-Ердоган
Рускиот и турскиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Хакан Фидан разговараат за агендата на идната средба меѓу претседателот Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во Москва.
Имајќи предвид дека претседателите се подготвуваат за следната средба, верувам дека денеска ќе можеме детално да разговараме за прашањата што се подготвени за нивната средба“, рече Лавров во разговорот со Фидан.
Според него, меѓу Руската Федерација и Турција има значаен дијалог и за билатералната и за регионалната и меѓународната агенда, а состанокот на министрите во Москва ќе овозможи подготовка на „добри препораки за дискусија на нашите лидери“.
Шефот на турската дипломатија е во работна посета на Москва.
Според првичните информации, Ердоган и Путин ќе се сретнат на 4 септември во Сочи. Сепак, се уште нема официјална потврда за оваа информација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…