Се запознале пред казино, ги примил дома а тие го ограбиле и натепале
Денеска (16.10 2022) околу 07 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР-Кичево ги лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип и И.М.(33) од Битола, со привремен престој во Кичево. Тие се сомничат дека физички го нападнале М.З.(74) од Кичево во неговиот дом, по што му одзеле пари и други предмети. Имено, тие претходно се запознале со М.З. пред казино и откако му побарале преноќиште, заедно отишле во неговиот дом каде го извршиле делото, информира МВР.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…